За Анѓелот Времето извикува со здивот на спомените, Но истото тоа време ни го носи здивот на утрешнината, Овој пат ни донесе молња, Громови на душа, А останаа згмечени срца.
Без поздрав замина На истиот начин на кој живееше, Сонувајки за детски насмевки. Но она што им е убаво на лугето Го сака и Бог за себе,
Не го зеде исушениот трнлив цвет,
Зеде лик од бајка чија приказна е недовршена, А во книгата на животот останаа
Страни празни, неиспишани.
Осветли го патот по кој замина, За да можеме да те следиме По патеката од темните соништа. Беше икона пред која Сите се молевме, Твојот живот беше скалило на воздигнување, А кога се искачи само до десеттото, Бог те украде!
А светот наш минус тебе во него Она што ке остане, малку е! Нема да се секаваме на тебе со спомен, Зошто споменот избледува, Не како минато, Оти минатото се заборава, Ке се секаваме со љубов Оти љубовта е вечна! ПОЧИВАЈ ВО МИР АНЃЕЛЕ TE CAKAME
MyHotComments